• понеделник, 23 декември 2024

Општина Чашка собира хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Општина Чашка собира хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
Велес, 15 февруари 2023 (МИА) - Општина Чашка во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Велес и со поддршка од месното население собира хуманитарна помош за настраданото население од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.
 
Собирните пунктови се во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и нивното подрачно училиште во село Мелница.
 
Хуманитарната акција ќе трае до петок 17 февруари, а од понеделник истата преку ООЦК ќе се испрати за настраданите од Турција и Сирија информира денеска градоначалникот Горан Стојановски. Тој појасни дека досега е собрана конзервирана храна, топла облека, детергенти и друга помош.
 
Воедно градоначалникот Стојановски најави дека во рамките на можностите на Општина Чашка, на наредната седница на Советот на Општина Чашка ќе биде донесена одлука за финансиска подршка на Турција и Сирија. Тој потсети дека Општина Чашка има одлична соработка со братскиот народ од Р. Турција, а посебно со збратимената Општина Чили во Р. Турција, а каде во Измир има голем број на иселеници од земјава. 
 
Воедно Општина Чашка ги известува сите жители кои имаат можност да ја покажат својата солидарност и да помогнат за Турција и Сирија.
 
Најдоцна  до 17.02.2023 година петок во перидот од 10:00 до 13:00 часот жителите, своите продукти може да ги остават во пунктовите:- ООУ „ Тодор Јанев“ населба Чашка во трпезаријата - ООУ „ Тодор Јанев“ Мелница во училишната сала.
 
Пунктовите се во соработка со Општинската организација Црвен крст Велес, Општина Чашка и месното население .
 
-Како граѓани на општина Чашка и овој пат да ја покажеме својата солидарност на дело. Да бидеме сполотени и дадеме поддршка,порача  градоначалникот Стојановски. ад/аа/

Остани поврзан