• вторник, 02 јули 2024

Општина Чашка почна да гради нова спортска сала во село Горно Јаболчиште

Општина Чашка почна да гради нова спортска сала во село Горно Јаболчиште
Велес, 29 септември 2022 (МИА) - Општина Чашка започна со градежните активности за изградба на новата спортска мултифункционална сала во село Горно Јаболчиште. Како што информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, спортската сала ќе се простора на површина од 760 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, и гимнастика. Стојановски информира дека средствата во висина од 19 550 000 денари за изградба на првата фаза (до карабина) се обезбедени од програмата ТАВ. Во втората фаза предвидено е комплетно опремување на салата со ентериер, подна облога, справи за спортување. - Со изградбата на овој капитален објект исполнуваме уште едно дадено ветување пред граѓаните. Нашата грижа за спортот ќе продолжи и понатаму со изградба на нови спортски објекти низ останатите населени места на општината, најави градоначалникот Стојановски. ад/мс/

Остани поврзан