• петок, 20 септември 2024

Општина Центар распиша оглас за доделување стипендии за талентирани ученици од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини

Општина Центар распиша оглас за доделување стипендии за талентирани ученици од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини

Скопје, 19 септември 2024

Општина Центар распиша оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици од сите осум основни училишта од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини. Заинтересираните ученици кои сакаат да аплицираат за дадените огласи ќе може да поднесат документи само на еден (1) оглас од областа на култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку ученикот поднесе документи во различни категории, истите нема да се разгледуваат. Комисијата при изборот на ученици стипендисти ќе го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години.

Стипендиите за учениците од областа на науката, техниката и посебните вештини изнесуваат од 3.000,00 до 3.500,00 денари месечно, за учениците од областа на културата 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно и за талентираните спортисти стипендијата изнесува од 2.500 до 3.500 денари месечно за осум месеци во текот на учебната 2024/2025 година.

Општина Центар има за цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите на огласот. Доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата ќе избере ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

Огласите се објавени на веб страната на општината каде се опишани сите услови и потребни документи за учениците кои сакаат да аплицираат и бидат идни стипендисти. 

https://www.centar.gov.mk/?p=22601 

https://www.centar.gov.mk/?p=22598 

https://www.centar.gov.mk/?p=22605 

 

Општина Центар останува отворена за секое прашање на заинтересираните ученици. 

Општина Центар

_______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан