• петок, 22 ноември 2024

Општина Тетово: Продолжи акцијата за отстранување на објекти, тетовската полиција бојкотира

Општина Тетово: Продолжи акцијата за отстранување на објекти, тетовската полиција бојкотира

Тетово, 26 декември 2023 (МИА) - Инспекторатот на Општина Тетово и денеска ја продолжи акцијата за отстранување на објекти кои зафаќалe јавен имот, по претходно известување на сопствениците на овие објекти со решението за отстранување, информираат од локалната власт. Повторно реагираат дека немаат асистенција од полицијата.

- Лицето кое го користи киоскот лоциран на јавен имот во близина на средното медицинско училиште, не го почитувало решението на Инспекторатот за отстранување на материјалот внатре. Тој, исто така, нема никаков документ за имотот или дозвола за предметниот објект. Од друга страна, тетовската полиција продолжува да ја бојкотира работата на општинскиот инспекторат и покрај тоа што повеќепати била известена за предметната акција. Тие застанаа како гледачи, воопшто не интервенираа да обезбедат услови инспекторатот да ја спроведе акцијата како што предвидува Законот, истакна Бесарта Рамадани, портпаролка на Општина Тетово.

Според неа Тетовската полиција и понатаму е под политичко влијание на ДУИ која се обидува да ја попречи работата на градоначалникот на општината, а смета дека се повеќе ја добива поддршката од граѓаните.

- Им благодариме на граѓаните за поддршката и подготвеноста за соработка со Општината за интересите на градот и граѓаните. Слободното движење на граѓаните и ослободувањето на јавните површини беше приоритет за нас и за граѓаните, па ќе продолжиме со акцијата за која станува збор. Ние ја работиме нашата работа, додека полицијата, која треба да гарантира ред и безбедност, за жал продолжува да ги следи политиките на ДУИ, а не да помага во нашите постапки. Но, напорите на полицијата и владејачката партија да создадат конфузија и тензична атмосфера нема да успеат затоа што тетовчани ја прочитале оваа игра и не паѓаат во нивните стапици, истакна Бесарта Рамадани.

Вчера Општинскиот инспекторат отстрани десетина времени објекти-бараки на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, и критикуваше дека СВР Тетово дека одбиле да испратат асистенција при извршување на овие работи.

Секторот за внатрешни работи Тетово испрати соопштение во кое посочија на средба одржана со претставници на Општина Тетово на 20-ти овој месец подробно им било објаснето – зошто СВР Тетово не е во можност да им даде асистенции и побарано е од нив планираните активности да бидат одложени за идниот месец. ас/сст/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан