• сабота, 20 јули 2024

Општина Тетово почна кампања за промовирање на еколошката свест и одговорност кон животна средина

Општина Тетово почна кампања за промовирање на еколошката свест и одговорност кон животна средина

Тетово, 1 март 2024  (МИА) - Општина Тетово од денеска ја почнува кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина. Претставници на одделението за образование при Секторот за јавна дејност, како и Општинскиот инспекторат – Одделение за комунални дејности и животна средина изработија летоци кои на граѓаните ги поделија учениците од основните училишта.

На денешниот прв дел ученици од паралелките на албански наставен јазик во основно училиште „Братство-Миѓени“ од училиштето, заминаа во центарот на градот каде почнаа да делат летоци со информативна содржина и наменета за подигнување на еколошката свест.

- Целта на денешната акција е подигнување на еколошката свест. Ова е еден мал проект, соработка на Општина Тетово, секторот за образование, секторот за инспекциски надзор, одделение за животна средина и 12 основните училишта од реонот на Тетово. Секој ден од месецот заедно со децата ќе делиме флаери за да им покажеме на граѓаните како треба да се справуваме со животна средина затоа што чисти патишта и чиста средина е најважно за нашето здравје. Најбитна е превенцијата за подигнување на еколошките свест. Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат неправилно фрлање на отпад на несоодветни места на бројот на интернет страницата на општината или по електронски пат, изјави Мирдије Дервиши од Општинскиот инспекторат – Одделение за комунални дејности и животна средина.

Летоците ќе ги делат учениците од шесто до деветто одделение. Денеска беа поделени летоци само на албански јазик.  ас/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан