• сабота, 23 ноември 2024

Општина Тетово најави дека ќе се уништуваат штетници со хемиска средства, граѓаните да внимаваат

Општина Тетово најави дека ќе се уништуваат штетници со хемиска средства, граѓаните да внимаваат

Тетово, 19 септември 2023 (МИА) - Општина Тетово информира дека наредните три дена ќе се прави уништување на штетници со употреба на хемиски средства и затоа ги молат граѓаните да внимаваат и да ги следат упатствата на надлежните.

- На ден 20, 21 и 22 септември 2023 година (среда, четврток и петок) Д.П.Т.У. ПРОНТТО Дооел во соработка со Општина Тетово ќе ја реализира предвидената дератизација на подрачјето на Град Тетово за уништување на глодари. Третманот ќе се изврши во присуство на претставници на Општина Тетово и со помош на вработени од ЈКП Тетово РЕ Водовод и канализација, кои ќе треба да отвораат и затвораат шахти за истите да се третираат. Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата и заштитните мерки дадени од надлежните, за да го осигурат своето здравје и безбедноста, како и безбедноста на нивните животни, информираат од Општина Тетово.

Дератизацијата ќе се изведува од 9:00 до 16:30 часот, само под поволни временски услови.

-Ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер, дератизацијата се одложува за некој нареден ден со поволни временски услови. По претходно изготвен план за динамиката на активностите и техничката спецификација, ќе бидат поминати локациите наведени во барањето за прибирање на понуди, се вели во соопштението на Општина Тетово.  ас/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан