• вторник, 19 ноември 2024

Општина Струмица објави јавен повик за ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост

Општина Струмица објави јавен повик за ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост

Струмица, 8 август 2023 (МИА) - Општина Струмица објави јавен повик за ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост во рамки на проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“.

Според повикот, заинтересираните треба да се евидентирани невработени лица и ќе бидат работно ангажирани за учебната 2023/2024 година со скратено работно време од 20 часови неделно.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Јавниот повик трае до 21 овој месец, а сите заинтересирани документите можат да ги поднесат до архивата на Општина Струмица.рт/сст/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан