• вторник, 05 ноември 2024

Општина Пустец доби донација од Јапонската амбасада

Општина Пустец доби донација од Јапонската амбасада

Дебар, 26 септември 2024 (МИА) -  Општина Пустец денеска доби донација од Амбасадата на Јапонија во Тирана, која денеска на градоначалникот Пали Колефски му ја предаде амбасадорката Като Кикуко.

- Станува збор за ново возило-багер, кое ни беше повеќе од неопходно. Доделено ни е врз основа на нашата апликација на повикот на Амбасадата за учество на  соодветниот проект. Искажав голема благодарност за јапонскиот народ за поддршката на општината и нашата заедница и посебно на амбасадорката Кикуко, која не почести  со нејзината посета, изјави Колефски за МИА.

Во знак на благодарност на амбасадорката и била врачена благодарница, а на средбата двајцата соговорници разговарале и за можностите Амбасадата да ја помогне општината и со други донации.

Јапонската амабасадорка, придружувана од Колефски, со кајче прошетала по Преспанскиот Езеро, а ја посетила и пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, која е целосно реставрирана. вт/мд/


Фото: Општина Пустец

 

Остани поврзан