• недела, 26 јули 2026

Општина Ново Село со известување за вонредна состојба на патиштата по денешното невреме

Општина Ново Село со известување за вонредна состојба на патиштата по денешното невреме

Ново Село, 20 јули 2026 (МИА) - Општина Ново Село апелира на особено споро и внимателно возење на патните правци Сушица-Ново Село, Ново Село-Мокриево, Мокрино-Смолари и Смолари- Ново Село, известија од локалната самоуправа.

-Заради невремето кое денес ја зафати нашата општина има многу паднати дрјва, бандери и оштетени кабли и жици за електрична енергија. Нашите екипи заедно со екипите на ЈП „Македонија пат“ веќе се на терен и работат напорно, но штетите се преголеми и ќе бидат потребни неколку часови за да се нормализираат и исчистат патиштата, се наведува во известувањето од Општина Ново Село.

Инаку, освен во Ново Село невремето предизвика штети и во поширокиот Струмички регион и радовишко. рт/дма/

Фото: Општина Ново Село