Општина Куманово ќе изврши втора авионска дезинсекција против комарци
- Општина Куманово ќе изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци, информираа денеска надлежните од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.500 хектари и ќе го опфати централно градско подрачје, пречистителна станица ЈП „Водовод“ село Добрашане, по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев, Тоде Мендол.
Куманово, 11 јули 2024 (МИА) - Општина Куманово ќе изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци, информираа денеска надлежните од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.500 хектари и ќе го опфати централно градско подрачје, пречистителна станица ЈП „Водовод“ село Добрашане, по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев, Тоде Мендол.
- Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 15 јули 2024 година (понеделник), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW, информираат од општината.
Оттаму повикуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, тој ќе се одложи првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
Во јуни беше извршено прва авионска дезинсекција против комарци.
Општината, како што претходно, информираа од Одделението за јавни набавки склучи договор со „Бониер“ за авионско прскање против комарци речиси два милиони денари со данок на додадена вредност. Општина Куманово преку посебен тендер склучи договор и со „Плант медика“ за услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари, во висина од 796.500 денари со вклучен данок на додадена вредност. ам/дма/
Фото: Бониер