• понеделник, 23 декември 2024

Општина Куманово реагираше на прес - конференцијата на директорката на градинката „Ангел Шајче“

Општина Куманово реагираше на прес - конференцијата на директорката на градинката „Ангел Шајче“
Куманово, 7 април 2023 (МИА) - Општина Куманово денеска реагираше на изнесените податоци на вчерашната прес-конференција на директорката на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска. Од општината велат дека ги запазиле процедурите, потсетуваат на одземените и вратените ингеренции на градоначалникот за избор на директор на детската градинка.

Во соопштението се вели дека директорката, „вешто се манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежности во делот на објавување на јавен оглас за избор на директор на градоначалникот на Општина Куманово и текот на самата постапка“.

Како што наведуваат во општинското соопштение на 27 март не е доставено укажување до градоначалникот, туку е подготвено, предадено е во архивата на Општината на 29, и распоредено до надлежниот сектор наредниот ден. Укажувањето стигнало на 30 март и веднаш е постапено и наредниот ден, градоначалникот носи решение за објавување јавен оглас за избор на директор и тој ден се составува и во градинката и МТСП. Во соопштението наведуваат дека и покрај брзата реакција, МТСП носи решение за одземање на ингеренциите на 3 април.

- Ако се земе предвид дека Министерството за труд и социјална политика му оставило на градоначалникот рок за постапување од само еден ден, а и покрај тоа што истиот е уредно запазен, на градоначалникот му се одземаат надлежностите, очигледно е дека не станува збор за законито постапување, туку за притисок врз работата на градоначалникот и упад во неговите надлежности, со цел постапката за избор на директор во ЈОУ Детска градинката „Ангел Шајче“, да не се изврши на транспарентен начин, како што беше случајот и претходно, кога на сличен начин му беа одземени надлежностите на градоначалникот за оваа јавна општинска установа. По добивање на Решение ИП1 16-2735/3 со кое се одземаат надлежностите на градоначалникот за постапување во делот на донесување одлука за објава на јавен оглас за избор на директор во ЈОУ Детската градинка „Ангел Шајче“ – Куманово, Општина Куманово на 05.04.2023 година доставува Известување до ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“-Куманово дека согласно на Решение ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на градоначалникот, поради што настанува судир на надлежности помеѓу Општина Куманово како основач на јавната установа и ресорното министерство, да не се преземаат било какви понатамошни дејствија поврзани со постапката за избор на директор на институцијата до разрешување на судирот на надлежности, бидејќи сите претходни прашања согласно ЗОУП предизвикуваат прекин на постапка, велат од општината.

Оттаму додаваат дека на 6 април годинава, во архивата на Општина Куманово пристигнува решение ИП1 16-2735/9 со кое се поништува решението ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Куманово кое е испратено од страна на ресорното Министерство и истото е проследено до соодветниот сектор во Општината на 7 април.

- Општината Куманово согласно добиеното Решение ИП1 16-2735/9 од ресорното Министерство со кое се поништува Решението ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Куманово во делот на објавување на јавен оглас за избор на директор, истото ќе го разгледа и во најкус можен рок ќе ја извести ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово со насоки за понатамошно постапување во процесот, велат од општината. ам/дма/
 
Фото: МИА

Остани поврзан