• сабота, 27 април 2024

Општина Карпош е дел од Меѓународното советодавно тело на проектот „Трансит“

Општина Карпош е дел од Меѓународното советодавно тело на проектот „Трансит“

Скопје, 18 април 2024

Претставници од Секторот за екологија и енергетска ефикасност на Општина Карпош оваа недела учествуваат на редовниот координативен состанок на проектот ТРАНСИТ - Транзиција кон одржлива иднина преку тренинг и едукација (Transition to sustainable future through training and education – TRANSIT), како составен дел од Меѓународното советодавно тело на овој проект.

На работната средба беа разменети различни искуства, знаења и добри практики за развој на одржливи програми и примена на различни технологии на обновливи извори на енергија и гориво. Проектот има за цел да обезбеди одржливи програми за обука и доусовршување за сегашните и идните генерации преку мултидисциплинарен пристап во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата за истражување и иновации ХОРИЗОН 2020. Истиот се спроведува во осум европски земји или поточно во Англија, Шпанија, Малта, Кипар, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Во рамки на проектот учествуваат и претставници од универзитетите, индустријата, училиштата и локалните заедници. Во нашата земја, проектот го спроведува од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, со поддршка на ЕВН Македонија и Општина Карпош.

 

Одделение за односи со јавност
Општина Карпош

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

фото: Општина Карпош

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан