• понеделник, 25 ноември 2024

Општина Кисела Вода ги реконструира тоалетите во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”

Општина Кисела Вода ги реконструира тоалетите во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - ​Општина Кисела Вода ги реконструира тоалетите во ООУ„Кирил Пејчиновиќ”. Проектот кој стартуваше минатата година со обнова на санитарните јазли на долниот кат, сега ќе биде заокружен со целосна реконструкција на сите преостанати тоалети, соопштија од Општина Кисела Вода.

Неодамна, како што се наведува во соопштението, во дворот на овој објект Општината изгради и спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг, а како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во моментот се подготвува проектната документација за доградба на училиштето со што, сите ученици ќе одат во прва смена.

-Ги реконструираме сите тоалети во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”! Грижата за нашите деца, се огледува преку континуираните проекти за унапредување на условите во образовните објекти кои се појдовна станица за нивниот интелектуален развој. 
Во ова училиште, претходно ги реконструиравме тоалетите на долниот кат. Извршивме промена на санитарните елементи, го реконтруиравме и подот, како и ѕидовите и плафонот. Продолжуваме и на другите катови, со што ја заокружуваме целата реконтрукција на сите тоалети во училиштето кои беа во катастрофална состојба години наназад, истакнал Ѓорѓиевски.

Тој изразил благодарност до Светска банка за поддршката на овој проект кој значи подобрување на условите во училиштето и грижа за учениците.

-Дополнително, сакам да најавам дека во овој момент ја припремаме проектната документација за доградба на училиштето со што, со зголемување на капацитетот сите ученици ќе одат во прва смена. Исто така, во дворот на овој објект изградивме  и спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг. Продолжуваме силно и посветено со подобрување на условите во образовниот процес, бидејќи влогот во најмладите е влог во иднината, посочил Ѓорѓиевски. дма/ев/

Фото:  ​Општина Кисела Вода

Остани поврзан