• недела, 22 декември 2024

Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град

Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град

Демир Капија, 20 август 2024 (МИА) - Општина  Демир Капија денеска ги повика земјоделците да пријават штети од град, последица од невремето што го зафати Демиркаписко во неделата. 

- Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.

Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан