• петок, 22 ноември 2024

Општина Берово доби признание за јакнење на финансиската транспарентност

Општина Берово доби признание за јакнење на финансиската транспарентност

Берово, 1 јуни 2023 (МИА) - Општина Берово  доби Признание за јакнење на финансиската транспарентност и подобрување на достапноста до информации за локалните парафискални давачки. Информацијата ја сподели градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој денеска учествуваше на Економски форум, како панелист на Панел дискусија, во рамките на Проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“.

-На форумот го акцентирав наменското трошење на општинскиот буџет, зависноста на општините од централниот буџет и за оптимизација на општинските приходи, намалувањето на долговите, домаќинското работење и транспарентноста и отчетноста за трошење на јавните пари, рече Пекевски.

Како една од 18-те општини, кои се дел од проектот и Економскиот форум, овој проект, како што додаде Пекевски, успешно го завршува.

-Се работи за одличен проект фокусиран на парафискалните давачки и транспарентноста, како алки од големата слика на конкурентноста. Изразувам благодарност што ја имав честа да го примам признанието на Општина Берово, за јакнење на финансиската транспарентност и подобрување на достапноста до информации за локалните парафискални давачки, додаде Пекевски

Најави дека Општината ќе продолжи  со активностите за јакнење на финансиската транспарентност и во наредниот период. вс/вј/

 

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан