• сабота, 23 ноември 2024

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Струга, 21 март 2024 (МИА) - Околу три илјади метри квадратни трска изгорела вчера на брегот на Охридското Езеро кај Струга.

Информацијата денеска ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, пожарот бил пријавен во 11 часот и 15 минути во ОВР Струга.

- Пријавено е дека настанал пожар на површина со трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското Езеро на патот меѓу Струга и струшкото село Калишта. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави Димоски.

По наредба на Јавен обвинител увид извршиле полициски екипи.

Палењето трска на струшкото крајбрежје во овој период од годината се провлекува години наназад. Но, освен неколку кривични пријави изминатиот период, надлежните не најдоа решение за надминување на проблемот. сс/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан