• сабота, 18 мај 2024

Онлајн консултација со граѓанските организации за нацрт-националната програма за усвојување на правото на ЕУ

Онлајн консултација со граѓанските организации за нацрт-националната програма за усвојување на правото на ЕУ
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Граѓанскиот ресурсен центар денеска организира онлајн консултација со граѓанските организации за нацрт-националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025 година, на 29 април 2021. -Имајќи ја предвид важноста на НПАА како клучен стратешки документ кој ги дефинира краткорочните и среднорочните приоритети на Владата од ЕУ реформската агенда нашата намера е да обезбедиме што е можно поширок и посеопфатен консултативен процес, се вели во соопштението од Граѓанскиот ресурсен центар. Оттаму потсетуваат дека станува збор за документ кој е се уште работна верзија и кој по дискусијата со засегнатите страни ќе биде формално усвоен од Владата. сст/лв/    

Остани поврзан