• среда, 24 јули 2024

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest"

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest" што ќе се одржи во Скопје.  

Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

- Добредојдени  се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите. бак/ев/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан