Околу 350 израелски писатели повикаа на завршување на војната во Газа
- „Оваа војна ги загрозува животите на војниците на ИДФ, заложниците и предизвикува страшно страдање на беспомошните цивили во Газа“, се наведува во писмото.

Тел Авив, 15 април 2025 (МИА) - Околу 350 израелски писатели потпишале писмо во кое повикуваат на прекин на разорната војна во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.
Меѓу потписниците се познати писатели како Дејвид Гросман, Џошуа Собол и Зеруја Шалев.
„Оваа војна ги загрозува животите на војниците на ИДФ, заложниците и предизвикува страшно страдање на беспомошните цивили во Газа“, се наведува во писмото.
„Делата во Газа и окупираните територии не се направени во наше име, но тие ќе бидат за наша сметка.
Потписниците бараат итен прекин на воената операција против палестинското исламистичко движење Хамас, враќање на заложниците земени во Појасот Газа и меѓународен договор за иднината на Појасот Газа.
Авторите го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ја продолжува војната од лични причини. Веќе имаше неколку слични повици од армијата кои бараат прекин на војната и договор со Хамас за ослободување на заложниците.
Израелската војска верува дека од 251 киднапирано лице, 58 се уште се држат во Газа, вклуќувајќи и 34 мртви.
Во нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, според официјалните податоци, животот го загубија 1.218 лица, а во израелскиот одговор бројот на загинати во Газа надмина 50 илјади.сд/
фото:ЕПА