• недела, 30 јуни 2024

ОИ: Елиминирана втората носителка на тенискиот турнир

ОИ: Елиминирана втората носителка на тенискиот турнир
Токио, 27 јули 2021 (МИА) – Втората фаворитка за златниот медал на Олимпискиот тениски турнир во Токио, Наоми Осака е елиминирана уште во осминафиналната рунда. Јапонката утрово загуби од чешката тенисерка Маркета Вондрушова со 1:6 и 4:6. Ова е четврта победа во кариерата за Вондрушова над ривалка од Топ 10. Осака денес направи 32 неизнудени грешки и првпат по Австралија опен 2020 загуби порано од четвртфиналето. зс/

Остани поврзан