• петок, 28 јуни 2024

Од среда стабилно време со ниски утрински температури, а дневните во пораст

Од среда стабилно време со ниски утрински температури, а дневните во пораст

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. 

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот
на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до
умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

Времето во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 19 степени целзиусови. сст/дма/

Фото:МИА архива



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан