• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Од почетокот на војната во Газа 16.500 израелски војници лекувани поради повреди и трауми

Од почетокот на војната во Газа 16.500 израелски војници лекувани поради повреди и трауми

Ерусалим, 7 април 2025 (МИА) - Израел соопшти дека околу 16.500 негови војници биле лекувани поради повреди и трауми од почетокот на војната против Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека речиси половина од војниците кои се повредени, поточно 7.300, страдаат од траума откако армијата започна со операции во Газа.

Шефот на Одделот за одбранбена рехабилитација Лимор Лорија рече дека војниците страдаат од посттрауматско стресно растројство, анксиозност и депресија.

Израел, исто така, рече дека повеќе од 400 војници се убиени од почетокот на операциите во Газа, откако повеќе од 1.200 луѓе беа убиени во напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година, започнат од палестинскиот отпор против воените бази и населби околу Појасот Газа.

Повеќе од 165.000 Палестинци, од кои повеќето се деца и жени, се убиени и ранети во израелската војна против Појасот Газа, поддржана од САД, а повеќе од 11.000 од нив се водат како исчезнати, соопштија властите во Газа. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан