• петок, 05 декември 2025

Десет станбени згради зафатени од пожар во Краснојарската област во Русија, нема повредени

Десет станбени згради зафатени од пожар во Краснојарската област во Русија, нема повредени

Москва, 27 април 2025 (МИА) - Во Русија, во Краснојарската област, во градот Тајежное, избувна пожар што зафати 10 станбени згради, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

„Десет станбени згради се запалија во селото Тајежное во округот Кан во Краснојарската област. Топлото и ветровито време придонесе за брзото ширење на пожарот“, се вели во соопштението.

Во пожарот, во чие гаснење учествуваа повеќе од 70 лица, нема повредени. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан