• недела, 19 мај 2024

Од Нова Градишка утре започнува 15 ултрамаратон за Тоше

Од Нова Градишка утре започнува 15 ултрамаратон за Тоше

13 октомври 2022 (МИА) - Дванаесет учесници кои ќе го трчаат 15-тиот ултра маратон во чест на Тоше Проески, денеска претпладнето пристигнаа во Загреб, Хрватска. Тие утре попладне во 16:30 часот од Нова Градишка ќе го започнат ултрамаратон пред неговото спомен обележје во Нова Градишка, а в недела, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево.

Како што информира Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тоше Проески“, маратонците денеска ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде ги пречека отец Кирко Велински, а потоа заминаа на дружба со Мирослав Рус од продуцентската куќа со која Тоше соработуваше.

Предвидено е околу 16 часот да имаат прием во македонската амбасада во Загреб на средба со амбасадорот Милиам Фетаи и со директорката на Културно-информативниот центар Наталија Попоска.

Утре маратонците заминуваат за Нова Градишка, Хрватска каде ќе бидат пречекани од градоначалникот на Нова Градишка и од крушевскиот градоначалник и претседателот на крушевскиот совет.

Ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија. На 15 октомври, в сабота, се очекува да пристигнат на граничниот премин Табановце и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија се очекува да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево каде се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, в недела, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

Маратоците ќе бидат печекани во Крушево, веќе традиционално, со црвени рози, и на Гумење, на вечното почивалиште на Тоше, ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело и 15 години од неговото загинување.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.  ем/свс

Тагови

Остани поврзан