• четврток, 27 јуни 2024

Од верските календари

Од верските календари

Од верските календари 

27 јуни 2024 (МИА)

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јуни.

 

Свети Методиј, патријарх Цариградски

Родум од градот Сиракуза во Сицилија. Кога заврши со светското школување се замонаши и почна да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зеде на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочу како одличен бранител на иконопочитувањето. Овој голем исповедник на верата мирно се упокои во 846 година и се пресели во Царството Божјо.

 

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

 

Свети Кирил Александриски

Денешниот заштитник е Кирил Александриски, патријарх и црковен учител („доктор на воплотувањето“). Роден е во египетскиот град Александрија околу 376 година. Монах во младоста, веќе свештеник околу 403 година, станал Александриски патријарх во 412 година како наследник на својот вујко Теофил. Од него наследил и бурна, кавгаџиска природа. Напишал повеќе егзегетски, догматски и полемички дела како и посланија и говори, од кои најпознат е „Говорот во чест на Богородица“. Наречен „столб на верата“, тој починал во 444 година во Александрија. Тој беше прогласен за црковен учител во 1882 година од папата Лав XIII. Тој е заштитник на Александрија и на многу населби, парохии и цркви ширум светот.

###

Остани поврзан