• вторник, 19 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
17 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 април. Денеска е Велики Петок. Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Мапалик. Во северна Африка, бискупот свети Кипријан во своите записи ги спомнува свети Мапалик и неговите другари, маченици на прогонствата на Дечиј во 250 година. Мапалик умрел за време на мачењето. Свети Кипријан за верата на мачениците пишува: " Бевте измачувани се до постигнувањето на вечната слава..." Примерот на свети Мапалик и неговите другари маченици покажува дека секогаш во верата треба да бидеме верни и да бидеме подготвени да се жртвуваме за неа. ###

Остани поврзан