• петок, 22 ноември 2024

Одрон на патот Делчево - Македонска Каменица кај селото Луковица

Одрон на патот Делчево - Македонска Каменица кај селото Луковица

Делчево, 28 февруари 2023 (МИА) - Попладневните врнежи од дожд предизвикаа одрони на патот Делчево - Македонска Каменица. Поголем одрон е забележан во близина на патот кон селото Луковица. Од „Македонија пат“ информираа дека нивни екипи работат на отстранување на одронот. 

Од подружницата на „Македонија пат“ потврдија дека во период на обилни врнежи оваа појава знае да предизвика проблеми на овој патен правец заради што апелираат на внимателно возење.

- Како што е познато, за време на врнежи овој патен правец е подложен на лизгање на каменливиот предел, но наши екипи будно ја следат состојбата и реагираат на оние места каде има одрони. Во моментот е регистиран одрон кај село Луковица, каде наши екипи работат на негово отстранување, информираа од „Македонија пат“.
 
Напоменаа дека нивни екипи остануваат на терен, вршејќи редовна обиколка и преземајки активности за отстранување на секаква опасност на коловозите предизвикана од одрони. вс/ар/
 
 

Остани поврзан