• петок, 05 декември 2025

Одржан концерт „Македонска хорска музика“ во Тетово

Одржан концерт „Македонска хорска музика“ во Тетово

Тетово, 27 октомври 2025 (МИА) - Во оранизација на две национални установи Музички ансамбл Тетово и Музеј на тетовски крај вчера во Тетово се одржа концертот „Македонска хорска музика“ со настап на хор под диригентство на м-р Јасмина Ѓорѓеска – Карo.

Концертот се одржа во концертната сала во просториите на Музејот на тетовски крај во поранешниот Дом на Армијата и ја претстави богата традиција на македонска хорска музика.

-Под диригентство на м-р Јасмина Ѓорѓеска – Карo, публиката уживаше во внимателно одбрана програма составена од дела на македонски композитори, кои ја претставуваат богатата традиција на македонската хорска уметност. Вечер исполнета со хармонија, култура и љубов кон музиката, информираат од Музеј на тетовски крај.

Организаторите упатуваат благодарност до Министерството за култура и туризам за поддршката, до уметниците за нивната посветеност и професионалност, како и до публиката за присуството. ас/дма/


Фото: Музеј на тетовски крај 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан