• петок, 22 ноември 2024

Одржана третата средница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден

Одржана третата средница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Во просториите на Општина Илинден се одржа третата седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот Александар Георгиевски, а покрај членовите на Штабот, присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината, како и претставници од ОКТА, Макпетрол и ПО Петровец, како и претставник од Општинскиот противпожарен сојуз на Илинден.

На третата редовна седница акцентот на дискусијата беше ставен на моменталната состојба со високите температури, со цел преземање превентивни мерки за заштита од евентуални пожари и заштита од можни поплави поради нестабилност на временските услови.

Беа дадени и препораки за спречување на настанување и отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи. мч/ев/

фото: Општина Илинден 

Остани поврзан