• петок, 10 мај 2024

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

Бургас, 30 октомври 2023 (МИА) – Македонскиот одбојкарски првак Струмица со три порази го заврши квалификацискиот турнир за пласман во ЦЕВ Лигата на шампиони.

Струмичките одбојкари во воведното коло на квалификацискиот турнир во бугарскиот град Бургас во петокот претрпеа поради од домаќинот Нефтохимик, по што изминатиот викенд беа немони и во дуелите со црногорска Будва и унгарски Капошвар и без освоен сет го завршија настапот на европската сцена.

Пласман во втората рунда од квалификациите во Лигата на шампиони од турнирот во Бургас обезбедија Будва, како првопласирана, и Бургас, како второпласирана екипа. ег/лв/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан