• четврток, 27 јуни 2024

Одбојкарите на Полска за прв пат ја освоија Лигата на нации

Одбојкарите на Полска за прв пат ја освоија Лигата на нации

Гдањск, 24 јули 2023 (МИА) – Одбојкарската репрезентација на Полска за прв пат во историјата стигна до трофејот во Лигата на нации. Со помош на домашната публика, Полска синоќа во Гдањск, во големото финале ја победи селекцијата на САД со 3:1 (25:23, 24:26, 25:18, 25:18).

 

На овој натпревар Полска играше ослабена без својот најдобар играч Вилфрд Леон.

 

Во натпреварот за третото место, Јапонија ја совлада Италија со 3:2 (25:18, 25:23, 17:25, 17:25, 15:9). Пласманот на подиумот и освоениот бронзен медал за Јапонците е прв на едно големо светско натпреварување по пауза од 46 години. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан