Одбележана десетгодишнината од загинувањето на затворските полицајци Коце Петров и Ристе Шалев
- Со положување цвеќе и турнир во мал фудбал денеска се одбележаа десет години од смртта на Коце Петров и Ристе Шалев, затворски полицајци кои на трагичен начин, во сообраќајна несреќа ги загубија своите животи. Нивните колеги од КПУ Затвор Штип, семејствата, со голема почит, го одбележаа денешниот ден сеќавајќи се на трагично загинатите Петров и Шелев.
Штип, 6 јануари 2026 (МИА) - Со положување цвеќе и турнир во мал фудбал денеска се одбележаа десет години од смртта на Коце Петров и Ристе Шалев, затворски полицајци кои на трагичен начин, во сообраќајна несреќа ги загубија своите животи. Нивните колеги од КПУ Затвор Штип, семејствата, со голема почит, го одбележаа денешниот ден сеќавајќи се на трагично загинатите Петров и Шелев.
- На денешен ден пред десет години трагично загинаа нашите колеги Коце Петров и Ристе Шалев доаѓајќи на работа и извршувајќи ги своите работни задачи. Денешниот ден ќе го одбележиме со меморијален турнир во мал фудбал меѓу КПУ Идризово и КПУ Штип во чест на трагично починатите колеги. Ќе положиме и свежо цвеќе, вели Дејан Герасимов заменик заповедник на затворска полиција во КПУ Затвор-Штип.
Герасимов и пред десет години бил на смена во затворот во Штип, ги чекал своите колеги, но за жал добил само тажна вест дека трагично загинале на пат кон своето работно место. Тој додава дека вработените во затворот и денес се сеќава на нив и нивните заложби на работните места.
Ова е првпат да се одбележи овој ден, со тенденција секоја година да се оддава почит на трагично загинатите Коце Петров и Ристе Шалев. Се доделија и признанија и благодарници. вдј/аа/
Фото: МИА