• петок, 05 декември 2025

Објавен романот за деца „Мојенка“ од чешката писателка Олга Стехликова

Објавен романот за деца „Мојенка“ од чешката писателка Олга Стехликова

Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - „Македоника литера“ неодамна го објави романот за деца и млади „Мојенка“ од чешката писателка Олга Стехликова со илустрации на Андреа Тахези. Преводот од чешки јазик е на Наталија Тоневска Каровска.

„Мојенка“ е поетски и емпатичен роман на Олга Стехликова, награден со „Златна лента 2023“, кој преку детскиот поглед ја спојува љубовта кон природата со болката од семејна болест. Главната хероина, десетгодишната Мојенка, расте во близина на Прага и од мајка ѝ – универзитетска професорка по природни науки – ја наследува љубовта кон животните, храброста и самоувереноста.

Кога мајката се соочува со сериозна операција и тешка болест, Мојенка мора да ја примени својата сила и љубопитност, додека таткото внесува доза хумор во семејната болка. Приказната се преплетува со авантури во шумата, на фарма и во училиште, но суштински ја отсликува турбулентноста на адолесцентниот свет.

Романот отвора прашања за тоа како да се зборува со дете за болеста на родител. Преку симбиозата со природата – дрвја, елени, инсекти, диви свињи – Мојенка ја пренесува идејата дека циклусите на животот се применливи и во човечките искуства.

Олга Стехликова (родена 1977) е чешка писателка, автор на книги за деца, литературен новинар и уредник. Студирала бохемистика, општа лингвистика и новинарство. Објавила три збирки поезија и четири романи за деца и млади (последниот наслов Мојенка, 2022). Добитничка е на неколку награди, меѓу кои и на највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“. Нејзините песни се преведени на тринаесет јазици, а нејзините книги се објавени на германски, романски и словенечки јазик. Живее и работи во Прага.ар/са/

Фото: Постер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан