• петок, 05 јули 2024

Обука за спасување давеник во Кавадарци 

Обука за спасување давеник во Кавадарци 
Кавадарци, 27 јули 2022 (МИА) - Доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски“ од Кавадарци денеска на кавадаречкиот градски базен реализираше обука за спасување давеник.
-Станува збор за обука на вода за членовите на друштвото и таа обука ќе продолжи до крајот на летото. Обуката беше на тема, начин на пристап и техника на извлекување на давеник во вода. Обуката ја извршија професори по фискултура од Сојуз на спортови на град Кавадарци, појаснија од друштвото.
Доброволното противпожарно друштво постои повеќе од една година и  го носи името на кавадарчанецот Сашко Гешовски, првата жртва што земјава ја даде при распадот на поранешна Југославија, загинувајќи во Сплит 1991 година на 20-годишна возраст, како војник. свд/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан