• петок, 28 јуни 2024

Обезбедени 265 постелнини за дечињата од Универзитетска клиника за детски болести

Обезбедени 265 постелнини за дечињата од Универзитетска клиника за детски болести

Скопје, 30 декември 2023 

Да ја завршиме годината со добри вести и да го пофалиме успешно завршениот хуманитарен божиќен базар на тимот и учениците на English Language Academy - ЕLA!

Благодарение на нивните ученици, веќе познати како „мали херои„ и сите хумани луѓе кои го посетија Божиќниот базар „ЕLA во Погон“, успееа да стоплат 265 детски срца! Тимот обезбеди 265 постелнини за дечињата од Универзитетска клиника за детски болести. Како што и ветија, секој собран денар од боќиќниот базар го донираа за барем малку да им го олеснат животот на малите борци на детската клиника.

За добрина е потребно само малку, а тоа го покажаа и ученици на ЕLA кои ја вложија својата креативност и труд и изработија извонредни новогодишни украси и картички и истите ги изложија во Погон бар а целата акција резултираше во стоплување на срцата на 256 деца!

„Ние сме исклучително горди на нашите мали херои и ветуваме дека ќе продолжиме со ширење на љубовта и топлината секогаш! Наша најголема желба е сите деца да бидат здрави во 2024!“ изјавуваат Сања и Марија, координатори за образовни стратегии и развој во ЕLA. Тие покрај изучување на јазиците, сметаат дека најбитно е да ги научат нивните малечки како да бидат хумани и како да пораснат во „големи“, благородни луѓе, луѓе кои секогаш ќе помагаат каде што е потребно.

Тимот на ЕLA ја изразува својата благодарност кон сите луѓе кои им се придружија во ширењето на љубовта и топлината оваа празнична сезона и ви посакува најубава нова година! Бидете среќни, бидете здрави, бидете хумани!

 

 English Language Academy - ЕLA

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан