• петок, 22 ноември 2024

Нуредини: Напредокот во животната средина е евидентен

Нуредини: Напредокот во животната средина е евидентен
Скопје, 6 окомври 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини при обраќањето на деветата Министерска конференција за животна средина за Европа, што од 5-ти до 7-ми октомври се одржува во Никозија во Кипар,  ја истакната важноста на поддршката од ОН и UNECE во напорите за подигање на еколошките стандарди и усогласување со меѓународните договори и обврски, земајќи ги предвид националните околности и специфичните потреби на земјата. Министерската конференција е фокусирана на одржлива инфраструктура, одржлив туризам и образование за одржлив развој. Министерот Нуредини имаше обраќање на придружниот настан: „Кофинансирање на активности за примена на препораките од Прегледот на перформансите на животната средина (Environmental Review Prerfomance - EPR)“ кој имаше за цел да ја промовира операционализацијата на препораките од EPR на Мароко, Северна Македонија, Таџикистан и Узбекистан со цел истите да се подобрат. - Прегледот на перформансите на животната средина за Северна Македонија е сеопфатен документ кој обезбедува рамка за развој на политики и иницијативи на управување, правни инструменти и политики, како и практични акции и проекти, истакна Нуредини и посочи дека во однос на препораките од 3-от EPR во нашата држава се преземени бројни чекори и се постигнати видни резултати. Според Нуредини, Северна Македонија постигна голем напредок во Поглавје 4 што се однесува на мониторинг и информации за животната средина и во врска со одредбите поврзани со Националниот информативен систем за животна средина. Исто така, во однос на Поглавјето 7 кое се однесува на климатските промени, тој нагласи дека препораките од 3-от EPR овозможија да се забрза процесот на усвојување на законските и стратешките рамки и дел од истите веќе се во сила, а во процес е зајакнувањето на институционалните рамки и усвојување на дел од сродни документи за адаптација на климатските промени. - Ова значително влијаеше на вклучувањето на климатските промени во севкупната агенда за одржлив развој во земјата, истакна министерот. Нуредини го нагласи напредокот во однос на Поглавјето 9 што се однесува на управувањето со водите. - Интензивни активности за изградба на пречистителни станици и системи за собирање на отпадни води за градови над 100.000 еквивалент жители како приоритет и за општини над 10.000 еквивалент жители како секундарен приоритет - во моментов работат 25 пречистителни станици, со вкупен капацитет од 590.000 е.ж., што претставува 27,5 проценти од потребниот капацитет со осврт на изградбата на пречистителна станица во Скопје и на колектори за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Кичево и за општина Битола за кои се очекува интензивирање на активностите поради техничката поддршка обезбедена во рамки на ИПА фондовите,  рече Нуредини. Во делот на управување со водите министерот Нуредини го најави и започнувањето на реализација на проектот: „Општинска водна инфраструктура Северна Македонија“ со заем од ЕИБ во висина од 50 милиони евра, со кој покрај изградба и рехабилитација на инфраструктура за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води ќе се реализираат и вонредни мерки за заштита од поплави и се однесува за сите општини во земјата. - Напредокот е постигнат и во Поглавје 10 што се однесува на управување со отпад и хемикалии, каде е изменета регулатива во согласност со правото на ЕУ, поврзана со зголемената одговорност и проширената одговорност на производителот, а напредок е забележан и за препораката за посебно собирање и рециклирање на тековите на отпад, наведе министерот. Придружниот настан овозможи размена на искуства меѓу земјите за најдобри пристапи и решенија за ефикасна и ефективна примена на препораките EPR, за воспоставување партнерства и здружување на напорите за унапредување на управувањето со животната средина и перформансите во разгледуваните земји и во регионот на UNECE и пошироко. см/aa/

Остани поврзан