• четврток, 27 јуни 2024

Ноје Цирхер Цајтунг : Проектот Рио Тинто само спиеше, ниту Вучиќ ниту ЕУ не се откажуваат од литиумот во Србија

Ноје Цирхер Цајтунг : Проектот Рио Тинто само спиеше, ниту Вучиќ ниту ЕУ не се откажуваат од литиумот во Србија

Белград, 19 јуни 2024 (МИА) - Во Србија се наѕира она од што се плашеа противниците на експлоатацијата на литиум - дека ветувањето на владата дека ќе престане со истражување во долината Јадар е предизборен маневар и дека проектот за кој е заинтересирана и Европската унија само привремено мирува, пишува Ноје Цирхер Цајтунг (НЦЦ).

Швајцарскиот весник пишува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за Фајненшл тајмс навестил дека проектот би можел повторно да заживее, со гаранции на рударскиот концерн Рио Тинто за влијанието врз животната средина и со инвестиции од Европската унија, пренесе Бета.

Плановите на Рио Тинто за рудник за литиум кај Лозница, пишува весникот, биле поттик за масовни протести низ Србија во 2021 година.

НЦЦ потсетува дека Рио Тинто веќе е „неколкупати критикуван за методите на рударство, особено во земјите со недоволно владеење на правото“.

Истакнувајќи дека експлоатацијата на литиумот е сложен процес што бара примена на киселини, весникот пишува дека огромната површина од 626 хектари, која се истакнува по својата природна убавина, но е и клучна за водоснабдувањето на регионот, биде целосно изменет.

„Протестите претставуваа принципиелна критика на раководството, кое ги ограбува природните ресурси на сопствената земја во интерес на малкумина и на сметка на многумина. Еколошките прашања во многу делови на Западот Балканот има значителен потенцијал да мобилизира политичка опозиција“, пишува весникот

Весникот оценува дека во 2021 година, „и покрај неговата неприкосновена позиција на моќ“, Вучиќ многу сериозно ги сфатил протестите поради претстојните избори и дека плановите за експлоатација биле стопирани.

„Противниците на власта веќе се сомневаа дека тоа може да биде предизборен маневар, особено што собранието не се ни постапи со петицијата за забрана на експлоатација на литиум и борит во целата држава, иако имаше доволен број потписи“.

„Сепак, контроверзноста околу ископувањето на литиум во Долината на Јадар не е само прашање на заштита на животната средина. Спорот има и геополитичка компонента“, пишува весникот.

Весникот потсетува дека литиумот е важна компонента во производството на батерии за електрични автомобили и затоа е од клучна важност за енергетската транзиција.

„ЕУ, а пред се Германија со својата автомобилска индустрија, затоа се многу заинтересирани за спроведување на таков проект во нивното непосредно соседство преку западен производител како што е британско-австралискиот концерн Рио Тинто. Ова исто така би ја намалило зависноста од Кина што е една од стратешките цели на ЕУ“, пишува швајцарскиот весник.

„Иако Германија, а особено владејачките Зелени, на Западен Балкан се залагаат за владеење на правото и покажуваат симпатии за целите на српските еколошки активисти, во тој рудник постои стратешки интерес. Јадар е демонстративен пример за судирот на идеалистички надворешнополитички амбиции и политичка реалност“, пишува весникот.

НЦЦ пишува дека за тоа се свесни и српските еколошки организации кои „вината за лицемерието ја префрлаат на Запад“ и посочуваат дека „и во Германија има наоѓалишта на литиум кои не се експлоатираат од обѕир кон луѓето и природата“, додека во Србија вакви проекти се поддржани.

Некои противници на српскиот режим, пишува НЦЦ, исто така сметаат дека одлуката на Вучиќ за повторно отворање на прашањето за рудниците за литиум претставува помирувачки гест упатен до Западот, по критиките за дијалогот со Косово и изборните нерегуларности.

„Но, тоа не значи крај на политиката на Вучиќ... туку напротив. Тој во интервју за „Фајненшл тајмс“ индиректно алудираше на интересот на Кинезите за проектот за литиум“, заклучува швајцарскиот весник.зш/

Остани поврзан