• вторник, 05 ноември 2024

Руте: Голема чест е што сум назначен за генерален секретар на НАТО

Руте: Голема чест е што сум назначен за генерален секретар на НАТО

Брисел, 26 јуни 2024 (МИА) - Холандскиот премиер Марк Руте денеска, откако беше официјално назначен за следен генерален секретар на НАТО, изјави дека Алијансата ќе остане камен-темелник на колективната безбедност на нејзините членки.

„Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно“, напиша тој на платформата X.

Руте на 1 октомври ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар.

Мандатот на Столтенберг од 2014 година, кога првпат беше именуван, досега беше продолжуван четири пати.

Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат назначувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет, политичкото раководно тело на Алијансата, во Вашингтон на 9-11 јули.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан