• вторник, 14 мај 2024

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Македонска Каменица

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Македонска Каменица

Делчево, 9 мај 2023 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Македонска Каменица е нормализиран, откако беше во прекин поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комби кај месноста Манасово Маало.

Од делчевската полиција информираа дека увидот е завршен, а сообраќајот целосно е нормализиран околу 16:45 часот.

Во сообраќајната несреќа на повреда се пожалил возачот на камионот, кој, како што информираа од Итната медицинска помош од Делчево, со нивно возило е пренесен во Клиничка болница Штип.

Причините за несреќата не се познати, иако МИА од полициски извори дознава дека возачот на комби возилото бил пронајден во Македонска Каменица каде е запрен од страна на полицијата.

Повеќе детали за случајот полицијата најави за вечерва. вс/мч/

Остани поврзан