• сабота, 21 декември 2024

Нормализирано е водоснабдувањето во Општина Босилово

Нормализирано е водоснабдувањето во Општина Босилово

Струмица, 14 јануари 2024 (МИА) - Од попладнево, по два дена прекин, нормализирано е водоснабдувањето во Општина Босилово со санирање на дефектот на главната водоводна цевка која пренесува вода од акумулацијата „Иловица“ до истоимената филтер станица.

Веста ја соопшти градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, кој информираше дека во вечерните часови целосно ќе се нормализира водоснабдувањето на општинскиот центар Босилово и населените места.

-Додека да се наполнат базените, да се филтрира водата и да се наполни системот ќе поминат уште 7- 8 часа додека водата стигне во сите куќи, во сите населени места, објави градоначалникот.

Дефектот се случи во петокот навечер на непристапен и тежок терен, но со ангажирање на екипи на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“ и ЈПКД „Огражеден“ решен е проблемот со пукнатата главна цевка и повторно е нормализирано водоснабдувањето. рт/сх/

Фото: ФБ Ристо Манчев

Остани поврзан