Норвежанецот Гронер го засили нападот на Шкупи
- Второпласираниот тим во македонското фудбалско првенство Шкупи ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната со младиот 22-годишен напаѓач од Норвешка, Емануел Лонге Гронер.
Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) – Второпласираниот тим во македонското фудбалско првенство Шкупи ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната со младиот 22-годишен напаѓач од Норвешка, Емануел Лонге Гронер.
Гронер доаѓа од редовите на норвешки Сонгдал, а со Шкупи потпиша договор до јуни 2026 година.
- Одбрав да потпишам за Шкупи, бидејќи тоа е клуб со големи амбиции и игра фудбал кој одлично ми одговара. Кога ја добив понудата, тоа беше лесен избор. Доаѓам во нов град, со поинаков јазик и во нов клуб на што ќе треба да се навикнам, но веќе многу уживам, изјави за клупскиот сајт Гронер, кој претходно во кариерата настапуваше за повеќе норвешки клубови.
Пролетниот дел на сезоната во Првата македонска фудбалска лига стартува на 18 февруари кога Шкупи на домашен терен ја пречекува Воска. ег/ев/
ФОТО: ФК Шкупи