• вторник, 26 ноември 2024

Нов покрив за ЦОУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод

Нов покрив за ЦОУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод
Кичево, 18 март 2022 (МИА) - Со средства обезбедени од Министерството за образование и наука во износ од четири милиони денари, ќе биде заменет покривот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод, а дополнително ќе се зголеми и енергетската ефикасност на училиштето со поставување на термичка изолација во поткровјето на училишната зграда. -По 35 години од неговата изградба, основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод ќе добие нов покрив. Се работи за покрив од пластифициран лим кој е долготраен, а за подобрување на енергетската ефикасност на училишната зграда ќе биде поставена и термичка изолација во поткровјето на објектот, рече градоначалникот Жарко Ристески. Нагласи дека со новиот покрив ќе се подобри и енергетската ефикасност на училиштето. -Со овој зафат, за кој Министерството за образование намени четири милиони денари денари, ќе биде потребна помалку енергија за затоплување на училишната зграда, бидејќи термичката изолација на покривот ќе овозможи училишниот објект да има константна температура, независно од надворешните температури, што ќе значи и заштеда на средства на долг рок, посочи градоначалникот. Потсети, дека условите за следење на наставата во ова училиште се меѓу најдобрите во републикава и додаде дека училиштето од Македонски Брод доби зелено знаме како најеколошко училиште во земјава.за/вј/

Остани поврзан