Нов бетон кој може сам да се поправи
- Новиот бетон трае подолго од вообичаените кои траат околу 50 години. Ова е особено корисно за инфраструктури кои се подложни на посилни влијанија од животната средина, како што се згради близ
Валенсија, 4 октомври 2021 (МИА) - Научници од Шпанија соопштија дека развиле нов ултраотпорен бетон којшто може и да се поправи сам од себе. Овој тип е 30 отсто потраен од конвенционалниот квалитетен бетон, што значи дека се создаваат помалку пукнатини, а и кога ќе се случи тоа, новиот бетон може сам да ги санира.
- Ова е можно главно поради мешавината компоненти што ги користиме, како што се кристални адитиви, нановлакна од алуминиум-оксид и нанокристали од целулоза, со кои материјалот сам се поправа, изјави истражувачот Педро Серна од Институтот за бетон и технологија, при Политехничкиот универзитет во Валенсија.
Новиот бетон трае и подолго од вообичаените кои траат околу 50 години. Ова е особено корисно за инфраструктури кои се подложни на посилни влијанија од животната средина, каков што е случајот со зградите близу морето или геотермалните електрани.
- Ние дизајниравме и тестиравме нови бетонски мешавини со можност за самопоправка на конструкцијата при пукање, што е вообичаена ситуација со која се соочува армирано-бетонска конструкција. Ова претставува промена во дизајнот на издржливост, во однос на активната заштита, рече Серна.
Материјалот досега се користел при изградба на шест големи пилот-објекти кои се во фаза на проценка.
- Податоците им овозможуваат на теренските стручњаци да ја проверат состојбата на структурите и, доколку е потребно, да се направат конкретни потези за да се спречи влошување на штетата со користење на најсоодветниот и најповолен метод за заштита или поправка на структурата, смета Хуан Сото, еден од научниците од Институтот. си/паг/