• вторник, 02 јули 2024

Нови пожари во околината на Чернобил

Нови пожари во околината на Чернобил
Киев, 16 април 2020 (МИА) – Во околината на напуштената нуклеарна електрана Чернобил во Украина денеска избија нови пожари, чие гасење е отежнато поради силниот ветер. - Нивото на радијација во Киев и во регионот на Киев е во граници на нормалата, истакна директотрот на Службата за итен одговор Володимир Демчук. Тој додаде дека се ангажирани илјада луѓе за гаснење на пожарот. Припадниците на украинската Служба за вонредни ситуации на 14 април изгаснаа голем шумски пожар во Чернобил. Пожарот изби на 4 април, при што изгоре голема шумска површина, како и 12 некогашни населби, чии жители беа евакуирани за време на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година. ми/

Остани поврзан