• недела, 22 декември 2024

Новиот шеф на јапонската дипломатија, Иваја ја промовира идејата за „Азиско НАТО“

Новиот шеф на јапонската дипломатија, Иваја ја промовира идејата за „Азиско НАТО“

Токио, 2 октомври 2024 (МИА) - Новиот министер за надворешни работи на Јапонија, Такеши Иваја, денеска изјави дека во наредниот период треба да се разгледа идејата за „азиско НАТО“, која ја претстави новиот премиер Шигеру Ишиба.

„Мислам дека тоа е идеја за иднината, но треба да размислиме за тоа некое време“, им рече Иваја на новинарите на прес-конференција во Токио.

Ишиба вчера повика на создавање „азиско НАТО“, во кое јапонските трупи ќе бидат стационирани на американско тло и каде што ќе има заедничка контрола на нуклеарното оружје на Вашингтон што ќе служи како пречка против нуклеарните соседи Јапонија, Кина, Русија и Северна Кореја. Тој тврди дека промените ќе ја одвратат Кина од употреба на воена сила во Азија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан