Нова студија: Марихуаната е попопуларна од алкохолот во САД
- Секојдневната употреба на марихуана ја надмина редовната употреба на алкохол во САД, покажуваат податоците од Националното истражување за употреба и здравје на дроги, објавено денеска во списанието Зависност.
Вашингтон, 22 мај 2024 (МИА) - Секојдневната употреба на марихуана ја надмина редовната употреба на алкохол во САД, покажуваат податоците од Националното истражување за употреба и здравје на дроги, објавено денеска во списанието Зависност.
-Во 2022 година, нивото на употреба на марихуана за прв пат ја надмина употребата на алкохол, рече авторот на студијата Џонатан Колкинс, истражувач за употреба на канабис на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург.
Според резултатите од студијата, во 2022 година, околу 17,7 милиони луѓе користеле марихуана на дневна или речиси дневна основа, во споредба со 14,7 милиони луѓе кои пиеле секој ден или речиси секој ден. Од 1992 до 2022 година, стапката на редовна употреба на марихуана се зголемила за дури 15 пати.
Повеќето американски држави ја декриминализираа марихуаната, дозволувајќи нејзина медицинска и рекреативна употреба, но таа останува нелегална на федерално ниво.
Во ноември, гласачите на Флорида ќе одлучат дали да одобрат уставен амандман за да се дозволи рекреативна употреба на канабис, а федералната влада има намера да ја класифицира марихуаната како помалку опасна дрога. мс/
фото: МИА архива