• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Полска и балтичките држави се повлекуваат од Договорот за забрана на противпешадиски мини

Полска и балтичките држави се повлекуваат од Договорот за забрана на противпешадиски мини

Варшава, 18 март 2025 (МИА) – Министрите за одбрана на Полска, Естонија, Летонија и Литванија во заедничко соопштение изјавија дека нивните земји ќе ја напуштат Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини со цел да ја подобрат својата безбедност по руската инвазија на Украина.

Повлекувањето од договорот од 1997 година, што министрите им го препорачаа на лидерите на нивните земји, кои имаат заедничка граница со Русија, ќе им овозможи повторно да почнат да акумулираат противпешадиски мини.

- Со оваа одлука испраќаме јасна порака: нашите земји се подготвени и можат да ги искористат сите неопходни средства за заштита на нивните потреби во безбедносната сфера, се наведува во соопштението на министрите за одбрана.

Тие тврдат дека по ратификацијата на Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини, се влошила безбедносната состојба во регионот.

- Во светло на ова нестабилно и променливо безбедносно опкружување, обележано со руска агресија и континуирана закана за евроатлантската заедница, од суштинско значење е да се проценат сите мерки насочени кон зајакнување на нашите способности за одвраќање и одбрана, истакнуваат министрите.

Минатата недела, литванскиот министер за одбрана најави дека Финска, која исто така се граничи со Русија, можеби ќе одлучи да се повлече од Конвенцијата од Отава. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан