• петок, 28 јуни 2024

Нова бесплатна интернет зона во Општина Илинден

Нова бесплатна интернет зона во Општина Илинден
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Општина Илинден за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека Марино-Кадино. Согласно програмата за работа, од денеска е обезбеден бесплатен безжичен интернет на патеката во целосната нејзина должина. Претходно, Општина Илинден овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино. Од локалната самоуправа најавуваат дека во следниот период ќе овозможат нови бесплатни интернет зони и на други на локации на територијата во општината./        

Остани поврзан