• петок, 22 ноември 2024

Тркалезна маса за зајакнување на работничките права на жените и борба против родовата дискриминација

Тркалезна маса за зајакнување на работничките права на жените и борба против родовата дискриминација

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Тркалезна маса и дискусија на тема „Зајакнување на работничките права на жените и борба против родовата дискриминација во приватниот сектор“ ќе се одржи денеска во Штип во организација на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“.

Дебатата ќе се фокусира на решавање и надминување на предизвиците со кои се соочуваат жените на работното место, со цел подигнување на свеста за родовата дискриминација во приватниот сектор, поттикнување на дијалог и соработка меѓу клучните засегнати страни и развивање на стратегии за подобрување на договорите за вработување и работните услови за жените.

- Нашата цел е да создадеме платформа за значајни дискусии што ќе доведат до акциони решенија, поттикнувајќи средини кои даваат приоритет на благосостојбата на жените работнички. Сметаме дека со ангажирање на жени претприемачи, претставници од Министерството за труд, Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и Државниот инспекторат за труд, можеме да работиме на искоренување на дискриминаторските практики и промовирање на родовата еднаквост на работното место. Ние ги цениме вашите сознанија и искуство, а Вашето учество во голема мера ќе го подобри квалитетот на нашата дискусија, порачуваат организаторите.

Тркалезната маса се организира во рамки на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. вг/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан