• петок, 16 август 2024

Новата НБА сезона почнува на 22 октомври

Новата НБА сезона почнува на 22 октомври

 

Њујорк, 16 август 2024 (МИА) – Новата сезона во НБА лигата ќе стартува на 22 октомври, објави денеска северноамериканската професионална кошаркарска лига.

Секој тим ќе одигра 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната, а актуелниот шампион Бостон Селтикс одбраната на титулата ќе ја почне на гостински терен против Њујорк.

За Леброн Џејмс ова ќе биде 22 сезона во НБА лигата, со што го израмни рекордот на Винс Картер. Неговиот ЛА Лејкерс ја отвора сезоната против Минесота.

Оваа година, НБА нема да биде ограничена само на натпреварите во САД, бидејќи три натпревари ќе се играат во странство. Во главниот град на Мексико, на 2 ноември силите ќе ги одмерат Мајами и Вашингтон, додека во Париз на 23 и 25 јануари двапати ќе играат Индијана и Сан Антонио.

Ол-стар натпреварот ќе се одржи на 16 февруари. Плејофот ќе почне на 19 април, додека првиот натпревар од финалната серија на програмата е на 5 јуни идната година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан